Ремзи: Роналдо, како и сите други. Интер и Конте …

Арон Ремзи е подготвен да ги поврати клучевите на средниот ред на Јувентус против Интер во недела вечер. Велшанецот зборуваше за БиБиСи пред италијанското дерби.
„Имам неверојатна можност во одличен клуб. Се надевам дека можам да продолжам да им помагам на моите соиграчи и клубот за да остварат одлични резултати. Овде во Јувентус е важно само победа, тоа е она што тие го сакаат”, рече Ремзи.
САРИ – „Досега беше фантастично. Има многу нови идеи и планови, ние работиме напорно за да ги искористиме. Некогаш не оди по планот како што би сакале, а некогаш да“.
ИНТЕР – „Подобрени оваа сезона. Конте ги организираше многу добро и тие сè уште немаат изгубено ниту еден бод. Ќе биде тешко. Имаат неколку фантастични играчи. Ќе мора да се грижиме за сите нивни играчи за да го добијеме резултатот што сакаме“.
РОНАЛДО – „Тој е како и сите други. Ве тера да се чувствувате како да разговарате со некој човек. Има една семејна атмосфера во овој клуб. Сите се мотивирани и многу фокусирани на една работа: победи, натпревари и трофеи “.
ЛШ – „За нас е многу важно, но првенството е вистинскиот тест, затоа што таму треба да покажеме што вредиме секоја недела. Јувентус доминира во Италија во последните години и се надевам дека ќе успееме“.



