Connect with us

Фудбал

Ренато Санчес летово беше на чекор од Барселона, па се се распадна: „Уништи се…“

Португалскиот фудбалер Ренато Санчес сака да се врати на големата фудбалска сцена и да покаже колку вреди.

Санчес се прослави пред пет години на ЕП во Франција кога со Португалија стана европски првак, а со своите игри го привлече вниманието на многу клубови.

Тоа лето се пишуваше дека Санчес договорил се со Манчестер Јунајтед и требаше да ја продолжи кариерата на Олд Трафорд, но се предомислил во последен момент.

Португалецот на крајот реши да потпише за Баерн каде од Бенфика премина за 35 милиони евра, но тоа се покажа како голем неуспех за него бидејќи не играше во Минхен.

Тој играше на позајмица во Свонси што исто така требаше да се заборави, а потоа во летото 2019 година се пресели во Лил за 20 милиони евра.

Санчес веќе две години игра на одлично ниво во Лил и летово се шпекулираше дека ќе го напушти францускиот клуб. Тој најмногу се поврзуваше со Барселона и сега призна дека бил многу блиску до заминување во каталонски клуб.

Меѓутоа, кога требаше да ги заврши преговорите со Барселона и сите аранжмани, заработи повреда на коленото, поради што сè падна во вода.

Летово требаше да одам во Барселона, но мојата повреда уништи се. Затоа беа прекинати преговорите со Барса. Сега ќе видам што е најдобро за мене“, изјави Санчес.

Во последно време се шпекулира дека интерес за него покажале Милан и Арсенал кои сакаат да го доведат во јануари.

„Милан? Тоа е голем клуб, светска класа и ми се допаѓа. Слушнав дека и Арсенал е заинтересиран, но не знам ништо конкретно. Знам кои клубови се распрашале за мене и подготвен сум да направам чекор напред. Ќе ја донесам одлуката каков што ќе, сметам дека тоа е најдобро за мене“, додаде Португалецот.

Санчес во досегашниот дел од сезоната имаше доста проблеми со повредите, поради што за Лил одигра само осум натпревари во сите натпреварувања.