Ренџерс си поигра со Црвена звезда, несреќниот Катаи долго ќе го памети вечерашниот меч

Во осминафиналето на Лига Европа вечерва силите ги одмерија Глазгов Ренџерс и Црвена Звезда, а домашната екипа славеше сигурна победа со резултат 3:0.
Катаи и донесе водство на Звезда во третата минута, но ВАР покажа дека ова е недозволена позиција.
На другата страна во 11. минута Таверние од 11 метри му донесе водство на шкотскиот тим, а потоа Катаи повторно ја затресе мрежата, но повторно беше означен офсајд.
Од друга страна, Морелос зголемува на 2:0.
Катаи вечерва беше трагичарот на Звезда, па не го искористи пеналот во 24. минута.
Шкотите ја искористија секоја шанса. Во 51. минута Балогун зголеми на високи 3-0.
До крајот беше 3:0 и јасно е дека Шкотите ги чека многу полесен реванш отколку што многумина се надеваа.
Звезда има за што да жали, но резултатот сигурно не е во нивна корист пред реваншот во Белград.



