SportM
Кошарка

Репрезентативецот Стојановски прво летно засилување за МЗТ Скопје!

Редакција8 јул 2026
Репрезентативецот Стојановски прво летно засилување за МЗТ Скопје!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Лука Стојановски (26 години, 190 см) е првото летно засилување на МЗТ Скопје Аеродром, откако официјално стави потпис на договорот со шампионот.

За Стојановски ова претставува враќање во добро позната средина, бидејќи веќе го носеше „сино-белиот“ дрес во сезоната 2018/19. Три години потоа беше дел од Академија ФМП, играше и за Еуро Никел, а изминатите три сезони ги мина во редовите на Пелистер.

Станува збор за веќе искусен бек-шутер, стандарден македонски репрезентативец и кошаркар кој сè повеќе се наметнува како еден од лидерите на новата, подмладена национална селекција.

Со доаѓањето на Лука Стојановски во таборот на првакот ги почнуваат активностите околу создавањето на тимот за новата сезона, особено што ги очекуваат големи предизвици – ФИБА Еврокупот, АБА2 лигата и домашната Суперлига и домашниот Куп.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.