Connect with us

Фото

Ретро дресови и необичен изглед: Како би изгледале ЕУРО sвездите ако играа во 80-тите? (ФОТО)

Генерациите што го следеа фудбалот во 80-тите години се подготвени да кажат дека тогаш се играше многу подобар фудбал и дека конкуренцијата беше многу посилна отколку денес.

Диего Армандо Марадона, Мишел Платини, Марко Ван Бастен, Бернс Шустер, Зико, Руд Гулит, Сократес, Сафет Сушиќ, Карл-Хајнц Румениге, Паоло Роси и Хуго Санчез беа само некои од играчите кои се истакнаа во тој период.

Условите за игра беа многу поразлични отколку сега, и сосема логично, различна беше и спортската опрема од шорцеви, дресови и копачки.

И сликата што ја претпочитаа играчите беше поинаква отколку денес. Преовладуваше малку подолга коса, додека за многумина, мустаќите беа составен дел од репертоарот.

Деновиве на Интернет се појавија преработени фотографии од најголемите sвезди на ЕУРО во ретро дресови и со стил од 80-тите.

За да ги видите Лука Модриќ, Кристијано Роналдо, Роберт Левандоски и други, погледнете во нашата галерија.

 

Facebook