SportM
Фудбал

Ревија на промашувања на Баерн и првиот кикс во новата сезона

Д М28 авг 2022
Ревија на промашувања на Баерн и првиот кикс во новата сезона

Фудбалерите на Баерн потфрлија на домашен терен против Борусија Менхенгладбах.

Иако домаќините беа апсолутен фаворит пред почетокот на натпреварот, особено поради одличните резултати на почетокот на сезоната, не успеаја да победат.

Баерн доминираше, создаваше прилики, но топката не влезе во голот.

Можеби не за домашната екипа, но затоа гостите погодија од единствениот удар во првото полувреме.

Стрелец на единствениот гол за гостите на овој натпревар беше Турам на асистенција на Крамер, а гостите со водство заминаа на одмор.

Во вториот дел Баерн тргна уште посилно кон гостинскиот гол, но едноставно немаше решение како да постигне гол.

Бод на Баерн на овој натпревар спаси Сане во 83. минута, но домашните не можеа да го направат конечниот пресврт на овој натпревар.

Извесно е дека Менхенгладбах ќе биде еден од ретките тимови кои сезонава му одзедоа бод на Баерн.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.