Веќе во третата минута гостите поведоа, а стрелец беше Иван Перишиќ.
Следното големо возбудување беше израмнувачкиот гол во 28. минута. Марко Арнаутовиќ упати убав центаршут и со глава погоди за 1:1.
Пет минути подоцна Дензел Дамфрис имаше шанса да му донесе ново водство на Интер, но шутираше веднаш над голот.
Иако гледавме многу интензивно второ полувреме, до 82. минута немаше возбудувања. Еден аут е изведен, Де Вриј ја додава топката до Раду, голманот на Интер, кој ја промаши, а Сансоне ја уфрли топката во мрежата само за да го запише неговото име во листата на стрелци.
Ова е прв натпревар за Раду во Серија А оваа сезона, а тој „падна“ наместо Самир Хандановиќ, кој пред самиот почеток на натпреварот пријави болки во грбот и не можеше да игра.
Видовме и солзи во очите на Јонут Раду во судиското надополнување.
На крајот, болката во грбот на Самир скапо ќе го чини Интер, кој сега е втор со 72 бода, два помалку од водечкиот Милан.
Интер до крајот има натпревари со Удинезе, Емполи, Каљари и Сампдорија, додека Милан на распоред има средби со Фиорентина, Верона, Аталанта и Сасуоло и дефинитивно ќе имаме епско финале кога е во прашање борбата за Скудетото.