SportM
Фудбал

Ристовски: Горд сум на генерацијата и селекторот

Д М21 јун 2021
Ристовски: Горд сум на генерацијата и селекторот

Холандија ја совлада Македонија со 3:0 во последниот натрпевар од групната фаза на Европското првенство.

По натпреварот Стефан Ристовски изјави дека е горд на селекторот и неговите соиграчи и дека жали што не освоивме некој бод.

„Фудбалот се игра деведесет минути, некои играчи уште тоа не може да го сфатат. Ако се тешиме дека сме херои… жал ми е што целиот квалитет што го имаме не ни донесе некој бод. Но, што е, тука е. Сакам да се заблагодарам на сите… Пандев, Тричкоски, Велкоски… горд сум на генерацијата и селекторот. Дојдовме до нешто што никој не успеал. Мора да извлечеме поука од сето ова. Ова е еден турнир каде играат најдобрите репрезентации. Си бара концентрација, комуникација во игра. Не може да играме на некое искуство, затоа што ние не сме како останатите. ЕП бара перфекција цели 90 минути“, изјави Ристовски.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.