SportM
Ракомет

РК Вардар го совлада Еурофарм Пелистер, инцидент на трибините!

Редакција1 окт 2025
РК Вардар го совлада Еурофарм Пелистер, инцидент на трибините!

Ракометарите на Вардар 1961 триумфираа вечерва во Скопје над актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со 31-28 во големото македонско дерби во рамки на петтото коло во ракометната Супер лига.

Вардар 1961 имаше предност на полувремето од 16-14, а со серија од 4-1 во продолжението поведе со 25-22 во 45 минута, не реализирајќи потоа пенал и две идеални шанси за зголемување на водството.

Сепак, Вардар ја зачува предноста до крајот на натпреварот и дојде до првиот триумф над големиот ривал по серијата од четири последователни порази во меѓусебните дуели.

Крилото на Еурофарм Пелистер,Манасков, со девет голови беше најефикасен на натпреварот, а голманот на Вардар,Валох,запиша девет одбрани.

Натпреварот донесе тензична атмосфера на паркетот, но и инциденти на трибините поради кои првото полувреме беше прекинато во 23 минута, кога во салата влегоа навивачите на битолскиот клуб.

Кратко потоа на теренот беа фрлени предметни, а кон една од трибините и пиротехнички средства.

Полувремето продолжи по пет – шест минутен прекин.

Со оваа победа Вардар 1961 го задржа максималниот ефект во новата сезона и води на табелата со 10 бодови, додека Еурофарм Пелистер е четвртопласиран со три бодови помалку.е

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.