РК Вардар има нов ракометар!
Редакција23 сеп 2025

Фото: tv21m
По неколкудневни тренинзи со екипата, Вардар го ангажираше 30-годишниот Жуниор Тузолана кој игра на позицијата лево крило. Тој доаѓа како замена за Махамаду Кеита кој во следните месеци ќе биде надвор од теренот поради операција на рамото.
Ангажманот на Тузолана е до крајот на полусезоната, со можност соработката да продолжи до крајот на оваа натпреварувачка сезона.
Тој доаѓа од екипата на Сесон во Франција, каде играл последните четири сеозни.
Претходно настапувал за Понто-Комбо, Истр и неколку сезони за Нант. Лани настапи на 24 натпревари во француската лига и постигнал 49 гола.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



