SportM
Фудбал

Робен може да ја продолжи кариерата во Серија „А“

Д М6 јан 2019
Робен може да ја продолжи кариерата во Серија „А“

По веста дека Интер ќе го привлече Диего Годин како слободен агент во летниот трансфер прозорец, сега „нероазурите“ размислуваат да направат уште еден силен трансфер, без да мора да платат ни евро.

Италијанските медиуми јавуваат дека Интер ќе се обиде да го засили нападот со ветеранот на Баерн Минхен, Арјен Робен, чиј договор со баварците истекува по крајот на сезоната.

Холанѓанецот, кој ќе наполни 35 години на крајот на месецот, игра за Баерн од 2009-та година, а пред тоа го носеше дресот на Реал Мадрид, Челзи и ПСВ Ајндховен.

Личното опкружување на Робен контактирало со раководството на Интер за да го понуди играчот на италијанскиот гигант.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.