Поврзи се со нас

Фудбал

Роберт Левандовски е обвинет за проневера на пари

Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски се најде под сериозни обвиненија.

Одличниот полски фудбалер е обвинет од неговиот поранешен менаџер Сезари Кучарски за перење неколку милиони евра преку неговата маркетинг компанија “Company RL Managment”.

Кучарски поднесе тужба против Лева за перење пари затоа што ги користел парите на компанијата за приватни цели.

“Кучарски изнесе сериозни обвинувања против својот поранешен клиент. Најсериозно обвинение е дека Левандовски одзел неколку милиони евра од неговата маркетинг компанија, исто како и неговата сопруга Ана. Парите се користат за луксузни патувања на сметка на компанијата”, пишува Шпигел.

Кучарски исто така од Левандовски бара девет милиони евра отштета за соработката со него, а од друга страна напаѓачот на Баерн тврди дека поранешниот агент го уценува и малтретира.

Исто така, „Шпигел“ тврди дека постои можност и Левандовски да избегнал плаќање данок во Германија, а бројката е мултимилионска.

Истраги сигурно ќе има, и ќе видиме како сето тоа ќе заврши со еден од најдобрите фудбалери во светот.

Advertisement