Роберто Мартинез се враќа во Премиер лигата
Д М18 јан 2022

Белгискиот тренер Роберто Мартинез повторно ќе работи во најсилната лига на светот.
Евертон пред неколку дена му врачи отказ на Рафаел Бенитез, а странските медиуми се убедени дека Шпанецот ќе го наследи Мартинез, кој веќе работеше на Гудисон Парк.
Според Би-Би-Си, Белгија не сака да го загуби 48-годишниот селектор пред Светското првенство во Катар, но Евертон прави се за да го врати селекторот кој го водеше од 2013 до 2016 година.
Откако доби отказ од Евертон, Мартинез ја презеде белгиската репрезентација и беше трет на Светското првенство 2018 година.
И Мартинез има желба повторно да работи во Премиер лигата, а покрај него, кандидати за нов менаџер на „Карамелите“ се поранешниот играч Вејн Руни и помошниот тренер Данкан Фергусон.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



