SportM
Фудбал

Роботите ќе го заземат светот, еден веќе почна од Англија и се вика Ерлинг Халанд! (ВИДЕО)

Д М22 јан 2023
Роботите ќе го заземат светот, еден веќе почна од Англија и се вика Ерлинг Халанд! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Сити го совладаа Вулверхемптон со 3:0 (1:0) во 21. коло од Премиер лигата.

 

„Волците“ едноставно беа префрлени во нивните засолништа, не добија ни шанса да покажат заби во Манчестер.

 

Кога поседот на топката по 15 минути е 92:8 во корист на една екипа, тогаш е сосема јасно во која насока оди играта. Џулен Лопетеги со својата агресивност се обиде да го исфрли Сити од ритам, но само ги налути.

 

Комбинацијата на Кевин де Брујн и Ерлинг Халанд по којзнае кој пат сезонава вроди со плод во 40. минута и дотогаш беше скршен солидниот отпор на Волвс. Норвежанецот пред паузата со глава го чекираше Хозе Са за предност . Продолжението започна катастрофално за Волците. Најпрво имаше пенал кој го одбрани Рубен Невес, а Ерлинг Халанд повторно беше убиствен , а пет минути подоцна, во 54-та, Хозе Са необјасниво му ја даде топката на одличниот Ријад Махрез, кој не се двоумеше да ја додаде на Халанд за хет-трикот на овој напаѓач.

 

Веќе четврти пат сезонава Ерлинг Халанд постигнува хет-трик во Премиер лигата и на овој натпревар ги надмина минатогодишните резултати на двајцата најдобри стрелци Мохамед Салах и Хјеонг Мин-Сон, кои ја завршија кампањата со 23. цели. По 20 натпревари Халанд има 25. Робот.

 

Замина по еден час, Пеп сакаше малку да му одмори и да го одвои од евентуална повреда, па на негово место го замени Јулијан Алварез.

 

Сити продолжи да доминира до самиот крај, можеше да има уште неколку голови во мрежата на Хозе Са, но сепак застана на три.

 

Во истиот термин Лидс и Брентфорд одиграа меч без голови на „Еланд Роуд“.

 

И покрај новата победа, Сити останува на второто место со два бода помалку од Арсенал, но „топчиите“ имаат два натпревари помалку

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.