Connect with us

Фудбал

Роџерс нема да оди на Олд Трафорд: Тоа е непочитување! Имаат добар менаџер кој е и добар човек

Брендан Роџерс ја отфрли можноста да го преземе Манчестер Јунајтед.

46-годишниот стручњак се споменува како еден од главните кандидати за нов менаџер на тимот од „Олд Трафорд“, каде сакаат да го сменат Оле Гунар Солскјер.

Сепак, Роџерс во денешната изјава за Sky Sports нагласи дека нема намера да му ја украде работата на Солскјер, кого го смета за добар менаџер.

“Ваквото прашање е непочитување. Непотребно е да се поставуваат такви работи поради клуб кој има менаџер и кој е добар човек. Не сакам да коментирам бидејќи тоа не се вистински работи”, изјави Роџерс и додаде:

„Среќен сум и горд што сум во Лестер. Посветен сум на клубот и играчите. Не можам да ги контролирам сите други работи, но прилично е фрустрирачки да се слушаат сите шпекулации. Јас сум менаџер на Лестер Сити“, изјави Роџерс за Sky Sports.

Брендан Роџерс ја започна својата кариера во резервите на Челзи, а потоа ги предводеше Вотфорд, Ридинг и Свонси.

Од 2012 до 2015 година беше на клупата на Ливерпул, а потоа замина во Селтик. На клупата на Лестер седи од 2019 година.

Покрај Роџерс, како еден од главните кандидати за клупата на Јунајтед се споменува и Зинедин Зидан.

Реклама

Facebook

Реклама