Родното место на Роналдо му приреди спектакуларно збогување со стотици дронови (ВИДЕО)

Жителите на родниот остров на Кристијано Роналдо, Мадеира, му приредија спектакуларно збогување од Светските првенства по натпреварот против Шпанија на Светското првенство во јули 2026 година.
Стотици дронови го осветлија небото над Фуншал, создавајќи ги португалското знаме, неговиот лик во дресот со бројот 7, пораката „OBRIGADO 7“ („Благодарам, 7“) и препознатливиот повик „Сиууу“.
Овој емотивен визуелен спектакл беше организиран како благодарност до легендарниот фудбалер за промоцијата на островот, но и како круна на неговата кариера на најголемата светска фудбалска сцена.
Погледнете како изгледаше спектакуларното шоу со дронови во родната Мадеира на Роналдо:
A drone farewell was done for Cristiano Ronaldo in his hometown in Madeira after he played his last game for Portugal 🇵🇹 against Spain in the World cup …… He really put them on the map❤️ pic.twitter.com/aqyC958wTR
— NEDU (@Nedu_brazil01) July 7, 2026
Поврзани вести

Манчестер Јунајтед поразен 2-0, пораката на Давид де Хеа по натпреварот за неговиот поранешен клуб стана вирална (ФОТО)

„Не вреди ни да се зборува“, Марота ја затвори темата за интересот на Барселона за Лаутаро Мартинез

