Родри пристигна во Барселона и веднаш изјавува силно: Ќе играме за секој можен трофеј
SPORTM.mk18 авг 2026

Родри пристигна малку порано во Барселона, а откако ќе ги заврши медицинските прегледи, ќе биде претставен како најновиот играч на Каталонците.
„Мундо Депортиво“ открива дека Барселона ќе плати 60 милиони евра директно за картата на Родри од Манчестер Сити плус уште 11 милиони евра во форма на бонуси, секогаш во зависност од трофеите што ќе се освојат и перформансите на играчот.
Добитникот на „Златната топка“ во 2024 година, почна со впечатлива изјава дека ќе играат за секој можен трофеј.
„Среќен сум што сум тука, беа интензивни денови и сум возбуден што сум тука. Да се игра за Барселона е сон. Ќе одиме за Лигата на шампионите и за сè останато што ќе ни излезе на патот“, рече Родри.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



