SportM
Фудбал

Рома го посрамоти Лацио, реакцијата на Мурињо го засени перфектниот слободен удар на Пелегрини

Д М20 мар 2022
Рома го посрамоти Лацио, реакцијата на Мурињо го засени перфектниот слободен удар на Пелегрини

Совршеното прво полувреме ја направи Рома нов владетел на Вечниот град.

Во големото римско дерби, Рома со убедливи 3>0 го совлада Лацио и му се реваншираше на најголемиот ривал за поразот во првиот дел од сезоната.

Натпреварот започна феноменално за Рома. Веќе во првата минута Тами Абрахам погоди по корнер.

Тој гол им даде крилја на фудбалерите на Рома кои продолжија со одлична игра и стигнаа до нов гол во 22. минута. Стрелец повторно беше Абрахам.

За одличниот Англичанец тоа беше веќе 23. гол сезонава, сметајќи ги сите натпреварувања и веќе може да се каже дека неговото доведување е полн погодок.

Во првото полувреме беше забележан најубавиот момент од играта кога Пелегрини изведе перфектен слободен удар и ја погоди конструкцијата на голот.

Натпреварот го одбележа и реакцијата на Жозе Мурињо, кој во еден момент ги замолкна навивачите на Рома кои почнаа да скандираат „оле, оле“ секој пат кога ќе ја допре топката играч на Рома. Тоа беше во првото полувреме.

Продолжението не донесе никакви резултатски промени. Лацио се обиде да постигне утешен гол, но не успеа. Додека Рома можеше да постигне уште еден гол, што на крајот не се случи.

Со оваа победа Рома се проби на петтото место со осум бода заостанување зад четвртопласираниот Јувентус кој ја држи последната позиција која води во Лигата на шампионите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.