Connect with us

Фудбал

Рома ја прифати понудата: Џенгиз Ундер ја продолжува кариерата во Англија

Турскиот репрезентативец Џенгиз Ундер беше тесно поврзан со трансферот во Наполи во последните неколку недели, но на крајот преговорите меѓу Рома и овој клуб пропаднаа.

Рома одлучи дека Џенгиз може да го напушти клубот ова лето бидејќи Пауло Фонсека не смета на него во новата сезона. Тие сакаа да го искористат како дел од трансферот на Аркадиуш Милик, но Наполи ја отфрли таа опција и рече дека сакаат пари за Полјакот.

Се очекуваше Турчинот да остане во Рома по неуспешните преговори, но се чини дека тоа нема да се случи. Имено, италијанските медиуми денес објавија дека Ундер е на чекор од одење во англиското првенство.

Истакнатиот новинар Фабрицио Романо денеска на Твитер објави дека има информација дека Џенгиз Ундер ќе потпише за Лестер во наредните денови и дека сигурно ќе ја напушти Рома.

Наводно, клубовите се договориле за едногодишна позајмица, но Лестер ќе биде обврзан да го откупи неговиот договор следното лето. Мета на Лестер беше најпрво Тринкао од Барселона, но Каталонците ја одбија понудата.

После тоа, клубот се сврте кон Ундер и се чини дека сè е договорено.

 

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com