Роман Абрамович подготвува офанзива: За 130 милиони евра во пакет купува тројца важни играчи на Барселона

Сопственикот на Челзи, рускиот тајкун Роман Абрамович се подготвува за нови инвестиции во играчкиот кадар.
Свесен дека на Барселона им ’гори под нозе’ и дека е во ситуација да ги продава своите играчи за да заработи, Абрамович реши да тргне по тројца играчи од каталонскиот тим.
Прво име на списокот на Абрамович и секако по барање на тренерот Томас Тухел е играчот од средниот ред Френки Де Јонг. Ситуацијата со Холанѓанецот се промени оваа сезона и неговите игри се далеку од минатата сезона.
Тухел би сакал таков играч во својот тим, а „Ел Национал“ тврди дека Челзи е подготвен да плати 60 милиони евра за играчот.
Втор на листата е талентираниот Гави, кој има откупна клаузула од 50 милиони евра, а Челзи е подготвен да ја плати.
Договорот на овој 17-годишен талент со Каталонците истекува во летото 2023 година, а Челзи е подготвен да му обезбеди многу поголема плата од онаа што ја има на стадионот „Камп Ноу“. Проблемот за сините е што скапоцените камења ги следат други големи и богати тимови како Баерн, Манчестер Сити и Ливерпул.
Последниот играч на листата на Роман е Сергино Дест, кој не се вклопи баш во плановите на Чави, иако беше неприкосновен во топ 11 во мандатот на Роналдо Куман. Барселона пак би барала 20 милиони евра, што е еден милион помалку од парите потрошени за нејзино носење во 2020 година.
Доколку гласините се остварат и Челзи навистина тргне по споменатите фудбалери, тогаш Барселона ќе биде многу во искушение. Сигурно е дека се работи за играчи кои имаат квалитет и кои не е лесно да се пуштат, но секој милион им е многу важен на Каталонците и со продажба на такви играчи ќе добијат можност да донесат нови по желба на Чави.



