SportM
Фудбал

Роналд де Бур: Меси е виновен Кутињо што не се вклопи во Барса

Д М13 мај 2020
Роналд де Бур: Меси е виновен Кутињо што не се вклопи во Барса

Барселона плати импресивни 160 милиони евра за Филипе Кутињо и се очекуваше дека тој би можел да биде замена за Нејмар.

Сепак, Кутињо не стори многу добро на „Камп Ноу“, а клубот ова лето го испрати во Баерн на позајмица. Кутињо играше на неколку позиции во Барселона и едноставно не се вклопи во тимот.

Но, многумина сметаат дека тој заслужува втора шанса и постои можност тој да остане во Барса кога ќе се врати од позајмицата на крајот на оваа сезона. Поранешниот играч на Барселона, Роналд де Бур изјави дека верува оти Меси е главната причина што Кутињо не успеа во Барселона.

“Кутињо е играч кој беше одговорен за сите дејствија на Ливерпул. Во Барселона е различно затоа што Меси ја има таа улога. Гледате дека е машина која работи одлично, но Кутињо не се вклопи. Тој е навикнат што е можно повеќе да игра со топката. Но, поради Меси не е можно во Барса. Тој играше најдобро во времето кога Меси беше повреден. Кутињо е одличен играч, но тој едноставно не се вклопува во играта на Барселона и тоа е единствениот проблем”, изјави Де Бур.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.