Роналдињо ги избра тројцата најдобри на сите времиња, го изостави Меси!

„Не сакам да го споредувам со никого или да кажувам дека тој е најдобриот фудбалер досега“, рече Роналдињо на прашањето дали неговиот поранешен соиграч Лионел Меси е меѓу првите тројца на сите времиња.
Поранешниот бразилски репрезентативец и играч на Барселона именуваше тројца играчи кои ги смета за конкурентни за титулата најдобар фудбалер на сите времиња.
“Диего Марадона, Пеле и Роналдо. Тешко е да се каже дека Меси е најдобар во историјата на фудбалот. Сè што можам да кажам е дека тој е најдобриот од неговата ера”, рече Роналдињо.
Меси целата своја кариера ја помина во Барселона. Дебитираше во 2005 година и во изминатите 15 години одигра 731 натпревар на кои постигна дури 634 погодоци и исто така запиша 285 асистенции.
Пред две недели се чинеше дека неговата кариера во Барселона завршува по сите проблеми и срамниот пораз од Баерн (8:2), но тој реши да остане.
Тој се согласи на уште една сезона во Барселона, но ако играта не се подобри, можеме да бидеме сигурни дека на крајот на оваа сезона тој ќе ги спакува работите и дефинитивно ќе избега.



