SportM
Фудбал

Роналдињо испрати порака до Меси откако потпиша за ПСЖ

Д М11 авг 2021
Роналдињо испрати порака до Меси откако потпиша за ПСЖ

Лионел Меси стана нов играч на ПСЖ.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња потпиша двегодишен договор со францускиот гигант, кој ова лето создаде вистински дрим-тим на „Паркот на Принцовите“.

Откако Лео потпиша за ПСЖ, се појави неговиот голем пријател, бразилската легенда Роналдињо. Тој на Меси му посака многу успех.

“Беше големо задоволство да се носи дресот на овие два клуба (Барселона и ПСЖ), а сега го гледам мојот пријател во дресот на ПСЖ. Лео, ти посакувам многу среќни моменти. Среќен сум и што мојот пријател Серхио Рамос е во тимот. Ми мириса на трофејот во Лигата на шампионите“, рече Роналдињо.

За бразилската легенда, ПСЖ беше првиот европски клуб. Играше на Паркот на принцовите од 2001 до 2003 година кога замина во Барселона.

Во дресот на ПСЖ, Роналдињо не освои трофеи, но освои се што можеше со Барселона, а Меси од него ја наследи „десетката“ на каталонскиот клуб.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.