Роналдо е „исплашен“ од Бергамо, но верува во победа

Вечерва се закажани натпреварите од 4.коло во Лигата на шампионите, а во групата Ф силите ќе ги одмерат Аталанта и Манчестер Јунајтед.
Натпреварот е од големо значење за двете екипи, бидејќи Јунајтед моментално е на врвот на табелата со 6 бодови, додека Аталанта е трета со два бода помалку.
Секако, во Манчестер се очекува многу од Кристијано Роналдо, кој всушност првпат се враќа во Италија по заминувањето од Јувентус.
Во пресрет на вечерашната пресметка се огласи споменатиот Роналдо, кој меѓу другото истакна дека никогаш не било лесно да се игра во Бергамо.
“Се враќам во Италија во земјата каде што јас и моето семејство бевме срдечно примени. Италија секогаш ќе биде во моето срце. Од сопственото искуство знам дека никогаш не било лесно да се игра во Бергамо, но ќе дадеме се од себе. Имаме намера да го задржиме првото место“, истакна португалскиот репрезентативец.
Вториот натпревар од групата Ф ќе го одиграат Виљареал и Јанг Бојс. Шпанскиот клуб има четири бода исто како и Аталанта, додека Швајцарецот има бод помалку па сите екипи се уште се во игра за пласман во осминафиналето.



