Поврзи се со нас

Фудбал

Роналдо е роден шампион и пример за сите – вели Пирло

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, го пофали Кристијано Роналдо како роден шампион кој е пример за сите, по победата од 2:0 што португалскиот напаѓач му ја обезбеди на својот тим со два гола против Каљари.

Роналдо погоди двапати во рок од четири минути во првото полувреме со што на стигна до осум голови на шест настапи во сите натпреварувања.

Со ова, Роналдо стана првиот играч на Јувентус кој постигнал гол на секој од првите пет натпревари во Серија А во рамките на една сезона.

По пет обиди постигна два гола против Каљари и понатаму создаде три можности за неговите соиграчи, што го натера тренерот Пирло да го пофали.

„Тој е одличен професионалец, како што знаеме. Тој е вистински шампион и пример за сите околу него на натпреварите и тренинзи“, рече Пирло.

„Единствениот совет што му го давам е да продолжи на овој начин“, додаде тој.

loading...

Facebook