SportM
Фудбал

Роналдо го одигра последниот меч на Светските првенства: Пред мене Португалија немаше ниту еден трофеј! (ВИДЕО)

Редакција7 јул 2026
Роналдо го одигра последниот меч на Светските првенства: Пред мене Португалија немаше ниту еден трофеј! (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо синоќа го одигра последниот натпревар на Светско првенство во својата кариера, откако Португалија беше елиминирана од Шпанија во осминафиналето.

Со 41 година, Роналдо остана без можност да го освои единствениот голем трофеј што му недостасува, но вели дека не жали премногу поради тоа.

„Јас го освоив Европското првенство во 2016 година и за мене тоа има иста вредност како и Светското првенство. Тоа останува засекогаш. Утре е нов ден, одиме понатаму“, изјави Роналдо.

Потоа зборуваше за себе во трето лице.

„Португалија пред Кристијано Роналдо немаше ниту еден трофеј, а со мене освои три“, додаде тој.

Со ова Роналдо алудираше на европската титула во 2016 година, како и на триумфите во Лигата на нации во 2019 и 2025 година.

Да потсетиме, Шпанија синоќа ја победи Португалија со 1:0, а победничкиот гол го постигна Микел Мерино во судиското продолжение.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.