SportM
Фудбал

Роналдо го сака Крос во Јувентус

Д М15 сеп 2018
Роналдо го сака Крос во Јувентус

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо бара од раководството на клубот да испрати понуда за трансфер на неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Тони Крос во јануарскиот преоден рок, тврди електронското издание Goal.com.

Според Португалецот, германскиот репрезентативец ќе заврши одлична работа во средниот ред на тимот и ќе го направи клубот од Торино уште посилен во иднина. Тој дури разговарал за прашањето со тренерот на тимот Масимилиано Алегри, кој се согласил со неговите аргументи.

Крос и Роналдо одржуваат доста блиски односи од престојот на „Бернабеу“ и не е исклучено освојувачот на пет „Златни топки“ да има голема улога во неговото привлекување на стадионот „Јувентус“.

Крос е во Реал од 2014 година и е еден од најважните играчи на тимот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.