Тајмаут
Роналдо и Георгина се верија, цената на прстенот боли глава (ФОТО)
По неколку годинишна врска, во која имаат и деца, Роналдо и Георгина конечно се верија. Сите зборуваат за прстенот, од чија цена боли глава.
Според проценките на експертите за накит, станува збор за раскошен овален дијамант со странични камења од дури 15 до 35 карати, додека вкупната тежина на сите скапоцени камења на прстенот изнесува околу 37 карати.
Проценетата вредност, според магазинот PEOPLE, е околу 5 милиони долари, додека австралискиот ELLE оди дури до неверојатни 10 милиони долари.
Фотографијата на Георгина со прстенот, објавена на 11 август, веднаш ги преплави социјалните мрежи, а фановите ширум светот коментираат дека станува збор за еден од највпечатливите веренички прстени кои некогаш биле видени во спортскиот свет.