SportM
Фудбал

Роналдо испрати порака до навивачите на Јунајтед по победата над Арсенал

Д М4 дек 2021
Роналдо испрати порака до навивачите на Јунајтед по победата над Арсенал

Големото дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал одиграно на Олд Трафорд ги оправда очекувањата.

„Црвените ѓаволи“ славеа со резултат 3:2, а најзаслужен за нивната победа беше еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо.

Феноменалниот Португалец постигна два гола, но по мечот не беше расположен за славење.

„Немаме време за славење, веќе се подготвуваме за следниот натпревар. Победата против Арсенал е важна за да се вратиме во „нормалност“, но ни претстои уште долг пат“, изјави Роналдо.

Неверојатниот Португалец им се заблагодари на соиграчите, но и на навивачите за кои имаше само пофални зборови.

„Честитки до соиграчите, покажавме голема сила. Посебна благодарност до нашите навивачи без кои не можевме да се носиме со Арсенал“, заклучи Роналдо.

Да додадеме дека следниот првенствен натпревар Јунајтед го игра в недела, повторно на домашен терен против Кристал Палас.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.