Connect with us

Фудбал

Роналдо конечно го покажа вистинското лице: Со еден збор го прозва Меси и ги разбрани страстите!

Иако тоа никогаш нема јавно да го признае на Кристијано Роналдо, многу тешко му падна освојувањето на седмата Златна топка на Меси.

Роналдо и Меси се најголемите индивидуални ривали во светот на фудбалот. Повеќе од десет години се натпреваруваат кој ќе биде подобар и поуспешен, а се чини дека Аргентинецот победи.

Меси на почетокот на неделава ја освои седмата Златна топка, сега има две повеќе од Португалецот и тешко е за верување дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед може да му се закани.

Во светот на фудбалот генерално се поделени мислењата за последната Златна топка на Меси бидејќи ставот на голем број фудбалски фанови е дека Роберт Левандовски требало да ја добие престижната награда.

Роналдо значително ги разбуди страстите и со коментар на социјалната мрежа Инстаграм. Некои ќе кажат дека конечно го покажа своето вистинско лице откако реагираше на најавите за Меси.

„И погодете кој ја добива наградата? Меси кој го освои само Купот на Кралот со Барселона и нема постигнато гол против Реал откако си замина Кристијано.“

„Тој исчезна во големите натпревари, ја освои Копа Америка, која треба да се организира на секои четири, а практично секоја година ја играат вака. Не постигна гол ниту во полуфиналето, ниту во финалето.“

„И индивидуално има слаба сезона со ПСЖ“, беше објавата на еден од многубројните големи навивачи на големиот Португалец.

На овој коментар и Роналдо одговори со само еден збор. „Факти“, кусо напиша најпопуларниот фудбалер на денешницата.

Инаку, Роналдо на овогодинешните избори заврши на шестото место, што е негов најслаб пласман од 2010 година. Тој воопшто не беше присутен на доделувањето.

„Денешниот исход ја објаснува изјавата на Паскал Фере минатата недела, кога тој рече дека му се доверив дека мојата единствена амбиција е да ја завршам кариерата со повеќе златни топки од Лионел Меси. Лажеше, го искористи моето име за да се промовира себеси и медиумите што ги работи. Неприфатливо е лицето одговорно за доделување на ваква престижна награда да може да лаже на овој начин, во апсолутно непочитување кон некој кој отсекогаш ги почитувал „Франс Фудбал“ и Златната топка. И денес повторно излажа, оправдувајќи го моето отсуство од галата наводен карантин кој нема причина да постои“, рече Роналдо и додаде:

„Секогаш сакам да им честитам на оние кои победуваат, во рамките на спортскиот дух и фер-плејот кои ја водеа мојата кариера од самиот почеток, а тоа го правам затоа што никогаш не сум против никого. Секогаш победувам за себе и за клубовите што ги претставувам. победувам за себе и за оние кои ме сакаат. Јас не победувам никој друг“.

„Најголемата амбиција во мојата кариера е да освојувам национални и меѓународни титули за клубовите што ги претставувам и за репрезентацијата на мојата земја. Најголемата амбиција во мојата кариера е да бидам добар пример за сите кои се или сакаат да бидат професионални фудбалери. Најголемата амбиција во мојата кариера е да го оставам името запишано со златни букви во историјата на светскиот фудбал.“

 

Реклама

Facebook

Реклама