Поврзи се со нас

Фудбал

Роналдо може да биде горд: Кристијано Јуниор постигна 58 гола за Јувентус на 28 натпревари (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо потпиша за Јувентус пред две години, а неговиот син Кристијано Јуниор исто така пристигна во школата за млади на „Старата дама“.

Кристијано Јуниор претходно играше во младинските категории на Реал Мадрид, но како што неговиот татко се пресели во Јувентус, така ја продолжи фудбалската кариера во редовите на италијанскиот шампион.

Синот на Роналдо неодамна го прослави својот десетти роденден, а фудбалот е неговата најголема љубов. Тоа покажува дека неговиот татко ќе има вистински наследник затоа што сега работи многу добро.

Кристијано јуниор одигра 28 натпревари за пионерите на Јувентус и постигна неверојатни 58 голови и 18 асистенции. На социјалните мрежи се појави и видео од неговите најдобри потези, што многумина ги остави без зборови.

Секако, тој го позајми дресот со бројот седум, следејќи го примерот на неговиот татко, и тој ја „присвои“ техниката од него кога станува збор за изведување на слободни удари.

loading...

Facebook