Роналдо можеби е најголемиот во историјата, но од неговите лоши навики никогаш нема да се ослободи (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо е можеби најдобриот играч во историјата на фудбалската игра.
Иако има 36 години, тој сепак игра извонредно и нема намера да престане. Тој, исто така, ја започна новата сезона во Лигата на шампионите со гол.
Одличниот Португалец погоди во 13. минута против Јанг Бојс. Швајцарскиот претставник стана 36 -тиот различен клуб што постигна гол во елитното натпреварување.
Сепак, во второто полувреме, лошата навика на Роналдо дојде до израз, за што многумина се жалат.
Роналдо е познат по тоа што лесно паѓа во дуелите за да изнуди пенал за својот тим, и така беше против Јанг Бојс.
На еден дуел со Камар, дефанзивецот малку го оттурна Роналдо и веднаш почна да гледа кон судијата и да бара пенал.
https://streamable.com/82×352
Инаку, настапот на Роналдо вечерва беше вкупно 177 во Лигата на шампионите, сметајќи ја групната и нокаут фазата, и со тоа се израмни со Икер Касиљас.



