Роналдо му честиташе роденден на неговиот пријател и рече: „Ти си најдобриот со кој сум играл“
Д М23 јун 2020

Голем број на одлични играчи играа со Роналдо, но Бразилецот откри денес кој е најдобриот со кого ја делел соблекувалната.
Роналдо играше за големи клубови како Барселона, Интер, Реал Мадрид и Милан, но воопшто тој имаше можност да игра заедно со најголемите фудбалски мајстори преку настапи во Бразил.
Ел Феномено не зборуваше често за тоа кој е најдобриот со кој играше, но денес, честитајќи му го за роденденот, тој откри дека станува збор за Зинедин Зидан, со кого играше за Реал во 2002 година.
„Ти си најдобриот со кој сум играл досега“, напиша Роналдо во честитката на славниот Французин за роденденот, на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/CBxttakHFuS/?utm_source=ig_embed
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



