SportM
Фудбал

Роналдо на сите фудбалерки на Португалија им испрати нови копачки со неколку прекрасни зборови

Д М28 окт 2019
Роналдо на сите фудбалерки на Португалија им испрати нови копачки со неколку прекрасни зборови

Португалските фудбалерки до 17 години добија награда од Кристијано Роналдо.

Младите фудбалерки се квалификуваа во елитното коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, по што sвездата на Јувентус им испрати пар нови копачки.

Со копачките пристигна и писмо:

„Се надевам дека овие копачки ќе ви помагаат да ги остварите вашите соништа. Кога бев дете, имав обични копачки, но луди соништа. Сакав сама да станеме најдобри во светот, а соништата се секогаш важни. Јас го реализирав мојот сон, се надевам дека и вие ќе го реализирате вашиот. Честитки за вашето квалификување во елитната квалификациска рунда, продолжете со тоа. Среќно и уживајте во новите копачки“, напиша Роналдо.

Девојките се воодушевени од скапите копачки, а фудбалскиот свет уште еднаш го запозна вистинското лице на Португалецот, кој на крајот на краиштата е многу добра личност која сака да им помогне на другите и не заборава од каде потекнува.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.