Роналдо не е заинтересиран за Интер Мајами

Португалецот е задоволен од Јувентус и нема намера да си замине.
Неодамнешните гласини сугерираат дека Роналдо, заедно со Лионел Меси, би можеле да патуваат во САД, поточно во Мајами каде беше формирана нова франшиза во МЛС.
Дејвид Бекам е клучен човек во Интер Мајами и се верува дека поранешниот играч на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, ќе биде првото големо име од Европа, а покрај Роналдо се зборува и за Меси дека може да замине во Интер Мајами.
Но сепак Роналдо сеуште не планира да ја напушти Европа.
„Јас сум во најдобриот клуб во Италија. Играм со најдобрите играчи. Драго ми е што освоивме трофеи минатата сезона. Се надевам дека ќе можеме да го направиме тоа и оваа сезона”, рече Роналдо, додавајќи:
„Лично, јас сум исто така задоволен од позицијата во клубот. Дојдов во Јувентус да го покажам мојот најдобар фудбал и не планирам да заминам”.
Роналдо има договор со Јувентус до летото 2022 година, а има постигнато 25 гола на 31 натпревар оваа сезона со три асистенции.



