Роналдо: Не ме интересира да бидам тренер
Д М27 дек 2019

Роналдо засега нема желба да стане тренер.
34-годишниот Кристијано Роналдо, иако вели дека ќе игра уште многу години, мора сега да започне да размислува за животот по фудбалот.
Сепак, додека повеќето избираат да станат тренери, Кристијано сè уште нема идеја што ќе прави кога ќе се пенционира.
„Во моментов не ме интересира да бидам тренер, но можеби еден ден ќе ми биде досадно и ќе чувствувам дека сакам. Никогаш не кажувај никогаш“, изјави тој за „ДАЗН Италија“. .
Португалецот има постигнато 12 гола на 21 настап за Јувентус оваа сезона.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



