SportM
Фудбал

Роналдо: Не постигнав договор со саудискиот клуб

Д М7 дек 2022
Роналдо: Не постигнав договор со саудискиот клуб

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо ги отфрли шпекулациите за договор за трансфер со саудискиот клуб Ал Наср.

„Не, тоа не е точно – не е вистина“, рече Роналдо додека се шеташе низ микс зоната по осминафиналето на Португалија на Светското првенство во Катар меѓу Португалија и Швајцарија, објави Скај.

Португалија се пласираше во четвртфиналето со победата од 6:1 против Швајцарија, а Роналдо во вториот дел влезе од клупата за резерви. Тој е слободен играч, откако неодамна на заедничка согласност го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, по острите критики кои ги упати кон клубот и тренерот Ерик тен Хаг.

Јунајтед доби понуда за Роналдо од Саудиска Арабија во текот на летото, но договорот на крајот пропадна. Роналдо рече дека ја одбил понудата, која била вредна околу 305 милиони фунти.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.