SportM
Фудбал

Роналдо: Немам намера да застанам

Д М1 мар 2020
Роналдо: Немам намера да застанам

Кристијано Роналдо изјави дека нема намера да запре, без оглед на возраста и по неговиот 1.000-ти настап во кариерата минатиот викенд.

Роналдо изедначи рекорд во Серија А во победата на Јувентус од 2:1 над СПАЛ, постигнувајќи 11 голови во низа во италијанската лига.

„Ова е добро достигнување“, изјави Роналдо за „Sky Sports“.

„Илјада натпревари значат посветеност, напорната работа и талентот се исплатени“, додаде тој.

„Не е лесно да се стигне до 1000-тиот натпревар на возраст од 35 години. Јас сум многу среќен. Тоа е многу добро, но се надевам дека ќе играм стотици други натпревари“, рече тој.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.