SportM
Фудбал

Роналдо објасни зошто не сакал на својот син да му купи мобилен телефон

Д М30 јан 2022
Роналдо објасни зошто не сакал на својот син да му купи мобилен телефон

Кристијано Роналдо во кариерата заработи многу пари, од договори со разни клубови, од маркетинг и разни други начини, но сепак не сака да му купи на синот мобилен телефон.

Синот на Роналдо, Кристијано Џуниор наскоро ќе наполни 12 години, но нема мобилен телефон. Според сите сметки, тој сепак ќе мора да почека за да добие нешто што го имаат неговите врсници ширум светот.

Португалската ѕвезда смета дека денешните деца се премногу оптоварени со технологијата и затоа решил да не му дава мобилен телефон на својот син додека не порасне малку.

„Постојано ме прашува дали може да добие мобилен телефон, а јас му велам дека има време за тоа. Точно е дека новите генерации се чекор пред нас и треба да ги искористиме новите технологии, но немаме да бидам опседнат со нив“, изјави Кристијано Роналдо во едно интервју во Обединетите Арапски Емирати.

Роналдо вели дека неговиот син го прашал за мобилниот телефон уште во 2017 година, но истиот одговор го добил и тогаш: „Сине, има време за тоа, фокусирај се сега на некои други вредности“, наводно му рекол Португалецот на својот наследник.

„Тој ме замоли да му купам iPhone за да може да ми се јави, но јас му реков да ми се јави преку телефонот на баба. Сакам да му ја пренесам на син ми идејата дека не е лесно да се добие се што ќе посака. Образованието е најдоброто што би можел да му даде“, изјави напаѓачот.Манчестер Јунајтед.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.