Фудбал
Роналдо по црвениот картон се појави на тренинг и изненади со фотографија
Играчите на Јувентус ја победија Валенсија со 2:0 во средата во првиот натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите.
Натпреварот на Местали го обележа Кристијано Роналдо, кој доби директен црвен картон по дуелот со Муриљо, а одлуката на судијата Феликс Брајча беше премногу сурова. Роналдо не можеше да поверува дека тој мора да замине под туш пред време, а колку тешко му падна покажаа солзите на лицето.
Јувентус сега ја чека одлуката на УЕФА за можна суспензија за Роналдо, но веројатно ќе биде само еден натпревар.
Роналдо вчера се појави на тренингот на Старата дама и не ја отстрани насмевката од лицето. Дури и во неколку наврати многу среќен позираше за фотографии, што не е многу честа појава.