Роналдо размислува да се врати на старото место
Д М21 ное 2020

Се повеќе се зборува за заминувањето на Кристијано Роналдо од Јувентус.
Проблемот е секако во финансиите и во Старата дама сакаат да направат простор за друг играч, многу помлад од Португалецот.
Шпанска „Марка“ пишува дека Роналдо размислува да се врати во Реал Мадрид, но големото прашање е дали челниците на Реал би се согласиле на такво нешто.
„Марка“ наведува дека Роналдо ги контактирал челниците на Реал, но тие се уште не разговарале за можно враќање во поранешниот тим.
Ако се случи враќањето, проблемот сигурно ќе биде високата плата. Роналдо премина во Јувентус од Реал Мадрид за сто милиони евра. Тој играше за Мадрид девет години.
https://twitter.com/Ultra_Suristic/status/1330091828922683395
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



