Роналдо се чувствува уморен: Јас би играл само во ЛШ
Д М29 окт 2019

Кристијано Роналдо изјави дека, ако може, би играл само за репрезентацијата на Португалија и во ЛШ за Јувентус.
34-годишниот фудбалер ги освои сите можни клупски трофеи, но посочи дека сака да игра на натпревари што предизвикуваат поголем притисок и се од големо значење.
„Ќе ви кажам отворено, ако мене ме прашувате, би играл само на некои важни натпревари“, рече Португалецот во интервју за „Франс Фудбал“.
„Би играл за репрезентацијата и во Лигата на шампиони. Тие се предизвици што предизвикуваат емоции, желба за победа и притисок“.
„Јас секогаш ќе го дадам најдоброто од себе“, додаде Роналдо.
Португалецот е на списокот од 30 играчи за освојување на Златната топка.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



