Connect with us

Фудбал

Роналдо се подготвува за предавството на векот? „Воопшто не би било чудно“

Кристијано Роналдо (36) минатото лето се пресели во Манчестер Јунајтед, но многу брзо би можел да го напушти „Олд Трафорд“.

Роналдо по 12 години се врати во Манчестер, претходно со години играше за Реал Мадрид, додека пред да се врати во Англија играше и за Јувентус. Португалецот имаше ветувачки старт на сезоната, но набрзо лошите игри не само тој, туку и целиот тим доведоа до гласини дека може да ја промени средината на лето.

Манчестер Јунајтед е само седми на табелата во Премиер лигата со 31 бод. Тимот предводен од Ралф Рангник досега оствари само девет победи, четири нерешени и дури шест порази. На Јунајтед не му оди, постои оправдан страв да не ја освојат ниту Лигата на шампионите, а Роналдо како што знаеме не е навикнат на порази.

Така, заситен од ситуацијата во Манчестер Јунајтед, Роналдо би можел да го испрати својот агент Жорге Мендеш да бара нова можност за него.

Според „Sport.es“, Мендеш има многу добри односи со претседателот на Барселона, Жоан Лапорт, а откако Серхио Агуеро објави дека се повлекува од фудбалот, на Чави му треба нов стрелец.

Така, каталонски спорт дојде до заклучок дека „не би било воопшто чудно доколку Роналдо заврши во дресот на Барселона“.

За навивачите на Реал Мадрид тоа е незамисливо, но тој не би бил ниту првиот ниту последен кој од еден ќе се пресели во редовите на вториот по големина шпански клуб. Најдобар пример е Луис Фиго, кој своевремено меѓу првите стана „предавник“, а навивачите на Барса никогаш не го заборавија неговото предавство.

Инаку, Роналдо дојде во Манчестер со желба да освојува трофеи, но како што веќе пишувавме, Јунајтед засега не личи на тим кој може да ја заврши сезоната со трофеи. Така Роналдо го покани Мендеш во Манчестер и сакаат заедно да го најдат вистинското решение.

„Кристијано е многу загрижен за тоа што се случува во Манчестер Јунајтед. Тимот добива многу критики и знае дека се гледа како еден од лидерите. Тој има доволно проблеми и Кристијано чувствува притисок и е многу под стрес поради ситуацијата. Тој очајно сака Јунајтед да биде успешен, да освојува трофеи, но во такви околности е тешко. Не е исклучено Роналдо да го напушти Манчестер на крајот од сезоната“, наводно им рекол претходните денови еден од блиските луѓе на Роналдо за англиските новинари.

Реклама

Facebook

Реклама