Роналдо се посрамоти, па се искупи: Португалија во победничка атмосфера пред ЕП (ВИДЕО)

Португалија е подготвена за Европското првенство. Го совладаа Израел со 4:0.
Актуелниот европски првак стигна до головите во финалето на двете полувремиња. Еден од стрелците беше Кристијано Роналдо.
Роналдо се посрамоти во првото полувреме кога ужасно изведе слободен удар шутирајќи далеку покрај голот, но се искупи во финишот кога постигна нов гол.
Sвездата на Јувентус ја затресе мрежата на противникот во 44-та минута по асистенција на Бруно Фернандеш. Тоа беше неговиот 104-ти гол во дресот на репрезентацијата.
https://twitter.com/i/status/1402716078627770371
Патем, Израелците не чекаа крај на играта или мечот во соблекувалните, но веднаш на полувремето го бараа дресот на Роналдо, а најбрз беше Бибарс Начо од Партизан.
Водечкиот погодок на натпреварот го постигна Бруно Фернадеш, а одличниот играч за врска на Манчестер Јунајтед постигна брилијантнен и гол и во продолжението. Третиот гол го постигна Жоас Кансело.
Cristiano Ronaldo SMASHES it home for Portugal 👊 pic.twitter.com/UrIgZvXp8z
— ESPN FC (@ESPNFC) June 9, 2021
Португал на Европското првенство ќе игра во многу силна група со Германија, Франција и Унгарија. Турнирот ќе биде отворен во вторник, на 15 јуни, со натпревар против Унгарија.



