SportM
Фудбал

Роналдо се поврзува со клуб од Германија, но овојпат тоа не е Баерн

Д М20 авг 2022
Роналдо се поврзува со клуб од Германија, но овојпат тоа не е Баерн

Кристијано Роналдо ова лето живее вистински кошмар бидејќи не може да го напушти Манчестер Јунајтед.

 

Португалецот на крајот од минатата сезона им порача на клупските челници дека сака да го напушти Олд Трафорд по само една сезона, што за многумина беше големо изненадување.

 

Роналдо е разочаран што клубот не се пласираше во Лигата на шампионите и сака да оди во клуб кој се натпреварува во ова натпреварување. Тој дури ги пропушти речиси сите подготовки во исчекување на трансферот, кој се уште не е пристигнат.

Тој беше поврзуван со неколку клубови, а некои покажаа одреден интерес за Роналдо, но на крајот не беше постигнат договор.

 

Дури имаше приказна дека Јунајтед е подготвен да го пушти Роналдо бесплатно да си замине од клубот, бидејќи на сите им е јасно дека неговата ситуација во голема мера ја наруши и онака лошата атмосфера во соблекувалната на англискиот клуб.

 

По многубројните шпекулации, англиските медиуми утрово објавија нова. Наводно, сега интерес за Роналдо покажа и Борусија Дортмунд, кој сака да го доведе напаѓачот откако на Себастијан Халер му беше дијагностициран рак на тестисите.

 

За ова зборуваше и првиот човек на германскиот клуб Ханс-Јоаким Ватцке, кој призна дека би било интересно да се види Роналдо во дресот на Дортмунд, но дека е тешко да се очекува дека тоа всушност ќе се случи.

 

„Го сакам како фудбалер и секако е интересна идеја да дојде да игра за Дортмунд. Сепак, немаме контакт со него и моментално нема причина да зборуваме за негово доведување“, изјави Ватцке.

 

Роналдо немаше поим дека ќе му биде толку тешко да најде нов клуб и очекуваше да заврши уште пред почетокот на подготовките за новата сезона, но на кошмарот за него изгледа нема крај.

 

На крајот на краиштата, не е исклучено Роналдо да остане во Јунајтед и покрај тоа што и оваа сезона сака да игра во Лигата на шампионите, но како што одминуваат деновите тоа се повеќе изгледа како невозможна мисија.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.