SportM
Фудбал

Роналдо „скромно“ дојде на тренинг: Се појави во автомобил што е можеби најевтиниот во колекцијата (ВИДЕО)

Д М8 сеп 2021
Роналдо „скромно“ дојде на тренинг: Се појави во автомобил што е можеби најевтиниот во колекцијата (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо го одработи својот прв целосен тренинг со Манчестер Јунајтед.

Sвездата на „црвените ѓаволи“ ќе му биде на располагање на Оле Гунар Солскјер за натпреварот со Њукасл, а денес Португалецот започна сериозна работа во ново-стариот клуб.

Автомобилот со кој се појави 36-годишниот фудбалер на првиот тренинг предизвика големо внимание.

По пристигнувањето во Англија, Роналдо користи Ламборџини Урус чија цена е околу 200.000 евра и честопати се нарекува супер теренец.

Урус 2018 е придвижуван од V8 мотор со 605 коњски сили и достигнува максимална брзина од 305 км / ч.

Кристијано е голем обожавател на скапи автомобили, а на улиците во Манчестер наскоро би можеле да видиме дел од неговите скапи „Бугати“, „Ферари“ или „Ролс Ројс“.

Цената на неговата колекција на автомобили е мултимилионска, а Урус е најверојатно најевтиниот модел што го поседува.

Најскапиот миленик во неговата гаража е Bugatti Centodieci   вреден 10 милиони евра, а потоа следува  Bugatti Chiron чија цена е нереална два и пол милиони евра, а тука се и Bugatti Veyron од два милиони, Ferrari Monza од 1,6 милиони евра, и многу други автомобили

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.