Роналдо со неговиот лажњак го испрати играчот на Милан назад во Уругвај (ВИДО)
Д М13 јун 2020

Фудбалерите на Јувентус се квалификуваа во финалето на Купот на Италија.
Јуве синоќа одигра без голови натпревар против Милан во повратниот натпревар од полуфиналето, но тие се квалификуваа во финалето поради гостинскиот гол (1:1).
Мечот можеше да го реши Кристијано Роналдо на почетокот на натпреварот, но португалскиот играч промаши пенал. Синоќа Роналдо се обиде да постигне гол, но тоа не успеа.
Сепак, и покрај тоа, Роналдо го имаше најубавиот потег на натпреварот. Тоа се случи во самиот финиш кога тој помина од десната страна и со одличен лажњак го испрати Лаксалт до рекламите, но потоа лошо ја центрираше топката.
Ronaldo send Laxalt to bring a pack of cigarettes for Sarri. https://t.co/PLl8uz9Oou
— ElNady Jr. (@Yousefelnadii) June 12, 2020
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



