Connect with us

Ракомет

Рубен Гарабаја: Против Барса настапуваме фокусирани на сите детали

Барселона е една од најдобрите три екипи во светот, но ние ќе настапиме фокусирани на сите детали од ракометната игра, изјави Рубен Гарабаја, тренер на РК Еурофарм Пелистер.

Шпанскиот стратег Гарабаја на својот сонародник Карлос Ортега кој долг период е тренер на Барса ќе се спротивстави со игра и голема поддршка на битолските „чкембари“.

– Секој натпревар против нив е посебен, затоа што имаат мнигу ѕвезди и многу добри ракометари. Мора да бидеме фокусирани на сите детали. Во Барса сите ракометари се фокусирани само на настапите. Секој тим против Барса максимално се бори, но само до одреден момент. При секое губење на концентрацијата, тие постигнуваат три и повеќе брзи голови од контра напади, бидејќи имаат одлична одбрана и најдобар голман во светот. Утревечер во Битола ќе има ракоментен спектакл и тоа е најважно за љубителите на спортот, истакна Гарабаја.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Барселона е закажан за утревечер во 20:45 часот.