SportM
Фудбал

Румениге нема дилема: Роналдо е заслужено најдобриот играч на векот

Д М6 јан 2021
Румениге нема дилема: Роналдо е заслужено најдобриот играч на векот

Првиот човек на Баерн, Карл-Хајнц Румениге смета дека Кристијано Роналдо заслужено ја доби наградата за најдобар играч на векот.

Роналдо неодамна беше прогласен за најдобар во Дубаи пред Лионел Меси и Мохамед Салах, а Румениге смета дека оваа награда е апсолутно заслужена.

“Кристијано заслужено ја освои наградата. Тој играше на неверојатно ниво десет години и денес игра одлично за Јувентус”, изјави Румениге.

Секако, шефот на Баерн е горд на сè што направи Роберт Левандовски.

“Ние сме исклучително среќни поради Роберт. Во 2020 година тој буквално не однесе на пет трофеи, вклучувајќи го и најголемиот во светот, Лигата на шампионите. Роберт е феноменален, а во Лисабон плачеше по финалето затоа што го исполни сонот”, истакна Румениге.

Легендата на Баерн ќе биде во клубот уште една година. Потоа се пензионира, а на негово место доаѓа Оливер Кан.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.