SportM
Фудбал

Румениге за колапсот на Барселона и Јувентус: Читам и се смеам

Д М22 фев 2023
Румениге за колапсот на Барселона и Јувентус: Читам и се смеам

Легендата на Баерн и негов долгогодишен предводник Карл Хајнц Румениге никогаш не криел дека е противник на создавањето на европската Суперлига, за што проговори за италијанските медиуми.

„Јас сум целосно против тоа. Не е ни чудо што таа приказна дојде од три клуба со големи финансиски проблеми. Сакаа брзо да заработат голем профит. Сега новиот предлог на Суперлигата отиде од 20 на 80 клубови, но европскиот фудбал не би издржал ваква радикална промена. Од друга страна, она што треба што побрзо да се промени е финансискиот фер-плеј. Ќе мора да биде поригиден. Клубовите постојано се под притисок на медиумите и навивачите да трошат повеќе. Но, фудбалот е индустрија која произведува загуби“, рече Румениге.

Германецот ги коментираше и неодамнешните скандали во Јувентус и Барселона. Торинскиот клуб беше обвинет за финансиски малверзации, а каталонскиот дека плаќал луѓе од судиското лоби.

„Прочитав што направи Јувентус и не ми се верува. Никогаш не сум слушнал за такво нешто во мојот живот. Јувентус е важен клуб, референтна точка во италијанскиот и европскиот фудбал, но си даде голем автогол… Сега треба да почне од нула. Барселона и судиите? Верувајте се насмеав кога ја прочитав таа вест. Но, тоа не ме чуди од нив. Секогаш кога игравме во Шпанија имав чудно чувство. Тоа се недозволиви работи кои не го засегаат само домашниот фудбал. Прашањето на арбитражата е нешто што треба сериозно да се реши“, смета Румениге.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.